Connect with us

Други спортови

Убаво е да се види славното презиме повторно на еден болид во Формула 1

Михаел Шумахер обележа една ера во Формула 1.

Седумкратниот светски шампион со години доминираше, постави бројни рекорди, а покрај него во Ф1 одреден период беше и Ралф Шумахер, меѓутоа тој не направи кариера како Михаел.

Долги години по нивното заминување од Формула 1 пристигнува нивни наследник. Синот на Михаел Шумахер, 21 годишниот Мик потпиша договор со Хас каде што ќе вози наредната сезона. Така славното презиме Шумахер повторно ќе стои на еден болид во Ф1.