Connect with us

Фудбал

УЕФА ги отвора вратите за навивачите за натпреварот во Суперкупот

Будимпешта, 18 август 2020 (МИА) – УЕФА најверојатно ќе им овозможи за прв пат навивачите од различни земји да присуствуваат на фудбалски натпревар во исто време под покровителство на организацијата.

Според „Скај Спорт Италија“, вратите на стадионот „Ференц Пускаш“ во Будимпешта ќе бидат отворени за натпреварот за Европскиот Суперкуп на 24 септември.

Според информациите, 30 отсто од капацитетот на објектот ќе биде отворен за гледачи. Веста ќе биде потврдена од УЕФА за неколку дена, тврди „Скај Италија“.

Во мечот ќе се соочат победникот од Лигата на Европа и оној во Лигата на шампионите, кој ќе стане познат во петок и недела, соодветно.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com