Фудбал
УЕФА го казни Мурињо: Португалецот ќе „полуди“ кога ќе ја види причината зошто е казнет
Португалскиот стручњак на клупата на Тотенхем, Жозе Мурињо беше казнет од Европската фудбалска федерација.
Имено, Европската фудбалска федерација објави дека Мурињо е условно суспендиран од еден натпревар, а ќе ја издржи казната ако го повтори прекршокот во рок од една година.
УЕФА го казни португалскиот стручњак затоа што смета дека тој е главниот виновник за одложениот натпревар во Лигата на Европа помеѓу Тотенхем и Антверпен.
Натпреварот требаше да започне во 18:55 часот, но доцнеше неколку минути, а цехот на крајот го плати Мурињо.
Тотенхем беше казнет и со 25.000 евра за овој настан, и 3.000 евра за кршење на правилата за спортска опрема на УЕФА.