Фудбал
УЕФА го одбра називот за Европското првенство следната година!
На денешната видео конференција, извршниот одбор на УЕФА донесе голем број на одлуки.
Една од одлуките се однесува за името на Европското првенство, кое ќе се одржи во 2021 година, откако беше одложено на 12 месеци заради пандемијата на коронавирус.
Лидерите на европската фудбалска федерација решија дека завршниот турнир на најдобрите селекции на Стариот континент ќе продолжи да се нарекува Евро 2020 и покрај тоа што се одржува во 2021 година.
Со оглед на тоа што досега се произведени многу артикали со сегашното лого, промената на името би значело нивно уништување и создавање на нови трошоци за производство.
Оваа одлука овозможува да се задржи оригиналната верзија на одбележувањето на 60-годишнината од Европското првенство (1960-2020).
Така, Евро 2020 ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули 2021 година. Натпреварите ќе се играат во 12 града низ Европа со тоа што постои можност некои од домаќините да бидат променети.