Фудбал
УЕФА излезе со официјален став за тоа каде ќе се игра Европското првенство
Овие денови излезе информација дека Европското првенстви би можело да се игра на Островот,поточно во Англија.
Денес стигна и официјалниот став на УЕФА. Европската куќа на фудбалот и засега е јасна по тоа прашање.
„Како и што е објавено турнирот ќе се одржи во 12 земји, намерата на УЕФА останува иста “, одговорија од УЕФА.
„УЕФА е одлучна ЕУРО 2020 да се игра во 12 европски градови, според договорениот распоред. Промени нема“.
Европското првенство е планирано да се игра во: Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санк Петерзбург.