Фудбал
УЕФА ќе спроведе независна истрага за хаос пред финалето на Лигата на шампионите
Европската фудбалска организација (УЕФА) најави дека ќе спроведе независна истрага за се што му претходеше на финалниот натпревар од Лигата на шампионите во Париз, а се однесува на навивачкиот хаос на влезот на стадионот.
„УЕФА нареди независен извештај за сите настани во пресрет на финалниот натпревар помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Ќе се собираат докази од сите страни и ќе бидат објавени заклучоците од независниот извештај. Кога се ќе заврши, УЕФА ќе одлучи за следните чекори“, соопштија од кругот на Европската фудбалска организација.
ЕФА како организатор на натпреварот беше критикувана во јавноста, а првично целиот хаос беше објаснет со тврдењата дека со лажни билети се обидела да спречи влез на голем број навивачи .
Француската полиција и високите функционери таму ги обвинија англиските навивачи кои наводно ги поседувале лажните билети, додека англиските медиуми пишуваат за целосна неорганизираност во која органите на редот на крајот употребиле сила и солзавец врз навивачите на Ливерпул.