Фудбал
УЕФА корегираше, веќе не сме северно-македонци
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски беа заведени како „Северно Македонци“.
Eвропската фудбалска унија (УЕФА) по реакциите на МНР, терминот „Северномакедонец“ го замени со „Македонец“ во графата за националност на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски.
„МНР води сметка за точната употреба на државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како и што сме реагирале и претходно, реагиравме и сега до УЕФА со барање да се променат термините согласно Уставот личната карта на земјата во Обединетите Нации“, порачаа од МНР.
