Фудбал
УЕФА може да дозволи гледачи на натпреварите од Лигата на шампионите
Нион, 1 октомври 2020 (МИА) – Европската фудбалска федерација размислува да ги прими навивачите на натпреварите во Лигата на шампионите, во случај на одобрување од локалните власти, објави „Мундо Депортиво“.
Според изворот, овој чекор ќе им помогне на клубовите да ги намалат загубите од пандемијата на коронавирусите и ќе им овозможи да заработат пари од продажба на билети.
За потсетување, сите натпревари од квалификациите во Лигата на шампионите се одвиваа без гледачи.
Ждрепката за групната фаза во ЛШ е попладнево со почеток во 17 часот. зс/