Connect with us

Фудбал

УЕФА му ја зголеми казната на Самир Насри

УЕФА одлучи да ја зголеми казната на францускиот фудбалер Самир Насри поради користење третман кој не соодветствува на регулативата на Светската антидопинг агенција (ВАДА).

Насри во февруари доби суспензија од шест месеци, но по жалбата на дисциплинскиот инспектор во УЕФА таа сега е продолжена на 18 месеци.

Фудбалерот беше казнет бидејќи во 2016 година имал интравенски третман на клиника во Лос Анџелес со недозволени имунолошки средства под изговор дека дехидрирал.

Во соопштението од УЕФА стои дека казната е зголемена и официјално тече од први јули 2017 година.

Последен клуб на Насри му беше Анталијаспор, со кој го раскина договорот во текот на зимската пауза, а има настапувано за Арсенал, Манчестер сити, Марсеј и Севиља.