Фудбал
УЕФА подготвува жестока казна за Мурињо, а уапсени се и двајца навивачи!
УЕФА официјално отвори истрага против Жозе Мурињо откако португалскиот тренер го нападна англискиот судија Ентони Тејлор по финалето на Лига Европа. Севиља освои уште една титула по подоброто изведување пенали, а Мурињо збесна на англискиот судија за некои одлуки. Тој по натпреварот го чекаше пред автобусот на неговиот тим и вербално се судри со него, го навредуваше, а сега УЕФА излезе со соопштение во кое наведува дека покренала истрага против „Специјалниот“ за „авреда на судијата“.
И двата клуба беа обвинети за однесувањето на навивачите и фрлањето на предмети на теренот како и многу други неправилности, а Севиља ќе мора да плати бидејќи дел од навивачите втрчаа на теренот по крајот на натпреварот. Уапсени се и двајца навивачи, кои се осомничени дека фрлиле стол кон Тејлор!
Минатата година Мурињо успеа да го освои европскиот трофеј со Рома, откако во првата сезона од Конференциската лига „волчицата“ во финалето беше подобра од Феенорд. Сега, сепак, Севиља како „регуларен“ освојувач на Лига Европа успеа да земе нов трофеј!