Connect with us

Фудбал

УЕФА размислува да ја откаже ЛШ

Откажувањето од Лигата на шампионите е многу реална опција.

УЕФА в среда ќе одржи видео конференција со генералните секретари на 55 национални федерации.

На конференцијата ќе бидат споделени информации за напредокот постигнат од двете работни групи што беа формирани пред две недели.

Ќе се разговара за можните датуми за продолжување на лигата, преодни услови и договори за играчи.

Покрај тоа, според „АС“, можно е да се разговара за целосно откажување на Лигата на шампионите, а можеби и за Лига Европа, поради кризата од КОВИД-19 што го зафати светот.