Фудбал
УЕФА се огласи по инцидентот во финалето на Лигата на шампионите
По натпреварот во финалето на Лигата на шампионите, во кој Реал синоќа во Париз го победи Ливерпул, а по повод инцидентот и доцнењето на натпреварот, УЕФА ги соопшти причините за доцнењето, соопштувајќи дека е покрената истрага.
Во соопштението, УЕФА наведува дека неколку илјади навивачи на Ливерпул се наредија пред натпреварот бидејќи се обиделе да влезат со фалсификувани билети.
Како што се додава, поради тоа, стартот бил одложен, за да им се овозможи на оние кои имаат билети да влезат на стадионот.
„Потоа ситуацијата излезе од контрола, па полицијата беше принудена да употреби бибер спреј и насилно да ги отстрани од стадионот. „УЕФА сочувствува со оние кои беа погодени од овие настани, а ние започнавме истрага со француската полиција и Француската фудбалска асоцијација“, се вели во соопштението.
Почетокот на финалниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид во Париз синоќа беше одложен за 21.30 часот од безбедносни причини, соопштија организаторите.
Според некои медиуми, голем проблем се појавил со влегувањето на навивачите на Ливерпул на трибините.
Судејќи по снимките на социјалните мрежи пред стадионот, во еден момент дошло до помали немири кога група навивачи почнала неконтролирано да трча кон влезовите на трибините.
Десетици илјади навивачи на Ливерпул и Реал синоќа ги преплавија улиците на Париз.