Connect with us

Фудбал

УЕФА со информации за публиката на натпреварите на Македонија со Ерменија и Косово

На 3 септември треба да го одигра првиот меч во корона ерата на Националната Арена во Скопје на стартот на втората сезона од Лигата на нации, а веќе јасно е дека мечот со Ерменија ќе мине – на празен стадион, пишува Спорт 1.

Од поодамна се најавува дека УЕФА ќе донесе одлука за забрана за гледачи на сите мечеви под нејзина капа и според информациите во четврток е закажан нов состанок на челниците од Нион на кој барем за идниот месец ќе пресечат да нема навивачи на репрезентативните мечеви.

„Јас бев дел од разговорот со УЕФА со националните асоцијации каде се потенцираше дека за септември да нема гледачи на стадионите и очекувам ова да се потврди неделава. Засега став на УЕФА е дека е преризично за навивачи да има на мечевите“, вели извршниот шеф на шкотската федерација, Јан Максвел.

Македонија во Лигата на нации е во група со Грузија, Ерменија и Естонија, па гостувања во Скопје не би биле проблематични, за разлика од Бугарија, која против Ирска веројатно ќе мора да игра во Унгарија или Грција, бидејќи нашиот источен сосед не е во „зелената зона“ поради што Ирците би морале во 14-дневен карантин. Целје во ЛШ, поради истата причина, ќе биде домаќин утре против Дандалк во Ујпешт.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com