Connect with us

Фудбал

УЕФА забрани настап на Траоре за селекцијата на Шпанија

Фудбалерот на Вулверхемптон, Адама Траоре нема да игра на дуелот против Украина во рамките на Лигата на нации во дресот на Шпанија.

Тој беше позитивен на Ковид-19 пред неколку дена, но вчерашниот ПЦР тест покажал дека е негативен и се приклучи на селекцијата на Шпанија, со што требаше утре вечер да биде во составот.

Меѓутоа протоколот на УЕФА буквално му забрани да игра, па Фудбалскиот сојуз на Шпанија извести дека Траоре ќе го пропушти мечот со Украина, исто како што го пропушти дуелот со Германија во Штутгарт.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com