Фудбал
УЕФА закажа итен состанок за понеделник: Oткажана и Лигата на нации?
УЕФА закажа итна видео конференција со своите членови за понеделник. Главната тема на конференцијата ќе биде следното издание на Лигата на нации.
Дејли Мирор пишува дека конечно дојде време да се разговара за второто репрезентативно натпреварување на УЕФА, а можноста за откажување на второто издание на Лигата на нации не може да се исклучи.
Со оглед дека се очекува тесен распоред во клупскиот фудбал на есен, многу лесно може да се случи да нема репрезентативен фудбал до следната година.
Бидејќи е предвидено Евро 2020 да се одржи следното лето, ќе биде невозможно да се одржат два завршни турнири за кратко време, што би можело да доведе до претстојното издание на Лигата на нации, втор по ред, „да стане прашина“, пренесува „Mirror“.
Сепак, конечната одлука за Лигата на нации, Лигата на Европа и Лигата на шампионите ќе биде донесена на конгресот на Извршниот комитет на УЕФА на 27 мај.