Connect with us

Фудбал

УЕФА закажа нова средба во среда

Европската фудбалска федерација организираше нова средба со претставниците на националните фудбалски федерации.

УЕФА ги покани генералните секретари на своите 55 члена на видео конференција во среда, 1 април напладне за да ги споделат најновите вести за напредокот на двете работни групи формирани на состанокот пред две недели и да разговараат за потенцијалните одложувања на натпревари, што воедно е и најважната ставка.

На состанокот ќе се разговара за развојот на настаните во сите национални и клупски натпреварувања на УЕФА, како и за дискусија за напредокот на ФИФА на европско ниво за прашања како што се договорите на играчите и системот за трансфер.

Последната средба на УЕФА и фудбалските федерации се одржа пред 14 дена и тогаш беше решено Европското првенство да се игра во летото 2021 година, но сè уште не беше решено што ќе се случи со лиги кои не можеа да продолжат поради пандемијата на коронавирусот.

Исто така можеме да дознаеме и кога конечно ќе се играат натпреварите од Лигата на нациите, бидејќи требаше да се играат подоцна овој месец. Прво беше одлучено да се игра во јуни, а сега постои можност тоа да биде продолжено за есен.