Connect with us

Други спортови

УФЦ брак може да заврши смао со тепачка: Најсексапилната борачка претепана од сопругот  

Рејчел Остович, која е една од новите ѕвезди во УФЦ заврши во болница откако беше претепана од својот сопруг, порнешниот натпреварувач во слободна борба Арнолд Бердон на Хаваи. На атрактивната борачка наводно и била скршена јаболчната коска на лицето, а лекарите дијагностицираа дека станува збор за тешки повреди.

Убавицата од кафезот требаше да биде во тренинг кампот и да се подготвува за следната борба  на 19 јануари наредната година против Паиг Ван Зент. Таа борба веќе доби име „танц на убавиците“ во октагонот, но сега овој меч е под знак прашалник заради моментната ситуација на борачката од Хонолула.

Убавицата, која е жртва на семејно насилствонајверојатно има скршеници на јаболчницата на лицето и ќе треба да го откаже мечот со Ван Зент.

Оваа борба требаше да биде врв во кариерата за Остович, која допрва треба да се пробива во слободна борба во УФЦ, каде стигна по препорака на промотерите на овој спорт на американско тло.

Што се однесува донејзиниот сопруг, тој беше уапсен но и веднаш пуштен  на слобода и требаше да плати само дебела парична казна.

Рејчел моментно е најусешното ново лице во кафезот и во својата куса кариера има четири победи во исто толку мечеви.