Connect with us

Други спортови

Угледниот Би-Би-Си ја разоткри големата измама на Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ не доби право за влез во Австралија и го пропушти првиот Грен слем сезонава.

Начинот на кој Ѓоковиќ влегуваше и беше депортиран од Австралија крена голема прашина. Се заврши на суд со пресуда дека не е прифатена жалбата на српскиот тенисер за одбивање виза.

За време на судењето, Ѓоковиќ на 16 декември го претстави материјалот како негативен, но угледниот Би-Би-Си јавува дека сето тоа било измама.

Би-Би-Си наведува дека серискиот број на позитивниот тест што го поднел Ѓоковиќ не се совпаѓа со бројките на другите тестови што во тој период биле направени во Србија.

Дополнително, се наведува дека серискиот број на првиот тест е поголем од бројот на вториот тест направен на 22 декември, кога бил негативен.

Поточно, серискиот број на тестот направен на 16 декември е 7371999, а оној од 22 декември е 7320919, што се гледа на фотографијата.

Би-Би-Си посочува дека Ѓоковиќ бил позитивен на 26 декември, а не на 16 декември, откако ги анализирал и потврдил шифрите издадени од Институтот за јавно здравје на Србија.

Ова не е првпат ПЦР тестот на Ѓоковиќ да предизвикува контроверзии. Новинарот Бен Ротенберг претходно покрена сомнеж за резултатите бидејќи со скенирање на QR-кодот на тестот, резултатот беше и позитивен и негативен.

Сега истрагата на Би-Би-Си за доведување во прашање за валидноста на тестот на Ѓоковиќ може дополнително да ги искомплицира работите за српскиот тенисер кога станува збор за влез во Австралија во иднина.

Инаку, Ѓоковиќ на тениските терени ќе се врати на 21 февруари кога ќе игра на турнирот во Дубаи. Неговиот настап е веќе потврден.