Фудбал
Украина на маки! Ќе мора да го менува дресот по жалбата од Русија
Европската фудбалска организација (УЕФА) и наложи на Украина да го тргне слоганот „Слава на хероите“ од дресовите на фудбалската репрезентација во пресрет на почетокот на Европското првенство во фудбал.
Образложението на УЕФА е дека слоганот има политичка конотација. Европското фудбалско тело соопшти дека не ја доведуваат во прашање картата која исто така се наоѓа на украинскиот дрес, но дека комбинацијата на две фрази, „Слава на Украина“ и „Слава на хеорите“ има јасна политичка природа.
„После деталната анализа натписот „Слава на нашите херои“ кои се наоѓа на украинскиот дрес очигледно е од политичка природа и поради тоа треба да биде отстранет од официјалните натпревари на УЕФА“, изјави портпаролот на европската куќа на фудбалот.
Русите не успеале да издејствуваат елиминирање и на украинската мапа на која е вклучен и Крим, а објаснувањето е дека Обединетите Нации се уште го водат како дел на Украина.
The Ukrainian national team will perform at Euro 2020 in a new uniform with the inscription "Glory to Ukraine!" and the outline of the map of Ukraine. The news sparked outrage in Russia but UEFA approved the Ukrainian uniform. More about the motto here: https://t.co/hBxIz1by9b pic.twitter.com/GiEJR8ItTL
— Euromaidan Press (@EuromaidanPress) June 7, 2021
Претседателот на Украинската федерација, Андриј Павленко ја потврдил информацијата, но најави дека ќе ги продолжи преговорите со УЕФА.