Поврзи се со нас

Други спортови

Улица во Косово го носи името „Новак Ѓоковиќ“!

Косовските Срби одлучија да го наградат славниот тенисер со именување на улица по него.

Новак Ѓоковиќ важи за херој за Србите.

Српскиот тенисер честопати покажувал национализам преку изјави, сметајќи дека Косово е сè уште дел од Србија, додека од време на време им помагал и на своите сонародници кои живеат на Косово.

За ова, косовските Срби одлучија да го наградат со давање на име на улица.

Всушност, како што пренесува порталот „kosovo-online.com“ во Клокот, една улица е именувана по „Новак Ѓоковиќ“.

На иницијатива на граѓаните, на претходниот состанок на Општинското собрание на Клокот, едногласно беше поддржан предлогот предметниот пат да биде именуван по еден од најдобрите тенисери во светот.

Градоначалникот на оваа општина, Божидар Дејановиќ вели дека српскиот тенисер ја заслужува оваа награда.

„На овој начин, граѓаните сакаа да му се заблагодарат за целото внимание и помошта што тој несебично им ја нуди на косовските Срби“, рече Дејановиќ.

Според Дејановиќ, овој предлог беше поддржан и од пет члена на претседателството на Собранието со албанска националност.

Ѓоковиќ често зборуваше за своите искуства за време на бомбардирањата на НАТО врз Косово и Србија во 1999 година, а се вели дека родителите на 33-годишникот се од Косово.

 

Advertisement