Connect with us

Други спортови

Улица во Сараево ќе се вика „Михаел Шумахер“

Улица во општина Нови Град, Сараево,  е преименувана во трансверзала „Михаел Шумахер“, со одлука на Собранието на кантонот Сараево.

Михаел Шумахер ги собра симпатиите на Босанците во 1996 и 1997 година кога пристигна во Сараево, на настан организиран од HOPE и УНИЦЕФ, за да ги посети воените деца во болницата Кошево, сето тоа со цел собирање средства.

Легендарниот возач платил за лекување во Босна и Херцеговина на деца повредени во војната, а како специјален амбасадор на УНИЦЕФ донираше средства за други проекти во Сараево.

Освен улица, Шумахер има и мурал во главниот град на Босна и Херцеговина.