Connect with us

Фудбал

Ултиматум за Мбапе до крајот на месецот треба да се изјасни!

Килијан Мбапе мора да си замине. Или барем така тврдат во Пари Сен Жермен. Mу дадоа рок до крајот на месецот, ако не го продолжи договорот ќе биде на продажба. Л’Екип имаше пристап до писмото што „светците“ го испратија до играчот во понеделникот, во кое го обвинуваат за нечесен и велат дека иако сакаат тој да остане, без договор не е можно.

Наводно, ПСЖ му кажал на Мбапе дека не можат да му дозволат да си замине без договор, дека во светло на ФФП, но и односите во куќата, клубот не може веднаш да ги спроведе договорените амбициозни проекти, но ниту да му дозволат да замине без компензација.

Додуша, „светците“ не можат многу, не можеме да замислиме ситуација да го “ладат” Мбапе на клупата цела наредна сезона. Повторно, сумата од 200 милиони што ја бараат е нереална за играч на кој му истекува договорот, дури и ако се вика Мбапе. Реал тоа сигурно нема да го плати, дополнително бара од Мбапе да се откаже од дел од приходите, додека неговата мајка Фајза бара околу 50 милиони нето по сезона, плус комплетна “торта# маркетиншки права, која не е достапна во ПСЖ, каде тој приход е поделен на половина.

Сега на ред е Мбапе, ни нему не му е лесно.