Фудбал
Уморен од ситуацијата во Наполи, Калјехон ја напушта Европа во јануари!
Тековната состојба во Наполи не е воопшто добра, со тоа што врвните играчи во тимот немаат добри односи со претседателот Де Лаурентис. Еден од нив Хосе Калјехон, чиј договор истекува на крајот на сезоната.
Со оглед на оваа ситуација, неговото заминување во јануари изгледа скоро сигурно. Има неколку тимови кои се заинтересирани за Калјехон, но како што пренесуваат италијанските медиуми, Шпанецот веќе се одлучил за својата следна дестинација, а тоа се очекува да биде Кина.

Калјехон ќе биде заедно со Рафа Бенитез и Марек Хамшик, кои некогаш беа во Наполи. Медиумите во Италија пренесуваат дека 33-годишниот играч се очекува да потпише со екипата на Делијан Јифанг. Во минатото, Калјехон беше дел и од Реал Мадрид.