Connect with us

Други спортови

Уморна е од ќотек: Убавицата од рингот започнува нова кариера

Атрактивната американска борачка Пејџ ВанЗант (27) реши да започне нова кариера во професионалното борење.

27-годишната потпиша договор со промоцијата на All Elite Wrestling (AEW) и наместо ММА спортови реши да добие многу послаби удари.

Сопственикот на оваа боречка организација Тони Кан објави се што е договорено со ВанЗант.

„Пејџ ВанЗант ќе потпише договор со AEW“, напиша Кан на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paige VanZant (@paigevanzant)

Таа веќе има искуство во професионално борење. Во неколку наврати гостуваше во најголемата светска организација WWE.

Пејџ ВанЗант порано беше голема надеж за УФЦ, но беше отпуштена во јули 2020 година по поразот од Аманда Рибас и ја напушти ММА со сооднос 8-5.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paige VanZant (@paigevanzant)

Тогаш решила да проба бокс без ракавици. Но, таму претрпе два порази со значително оштетување на лицето, па очигледно и е доста од тепање.

Професионалното борење е сепак нешто каде што актерството е многу поважно и за атрактивната Пејџ ова ќе биде многу побезболно, иако во овој спорт често може да се здобиете со сериозни повреди.