Фудбал
Унаи Емери без дилема одговори на прашањето кој е најталентираниот играч со кој работеше
Поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери, зборуваше во неделата преку Скајп и откри кој е најголемиот талент со кој имал можност да соработува.
Емери водеше клубови како Севиља, ПСЖ, Арсенал и имаше можност да работи со многу врвни фудбалери.
„Нејмар е најталентираниот играч со кој работев, а како капитен Иван Ракитиќ. Играчот кој носи најпозитивна динамика во соблекувалната е Коке“, изјави Емери.
Тој освои три титули во Лига Европа со Севиља од 2013 до 2016 година. По Севилја работел во ПСЖ, но најмалку се прослави во Ареснал.
Тој сега признава дека е отворен за преземање на тим, и тврди дека сега е близу до враќање во Шпанија. Покрај Севилја, во Шпанија тој беше тренер и на Валенсија.