Connect with us

Фудбал

Ундер потпишува за Лестер

Рим, 16 септември 2020 (МИА) – Од Лестер се многу близу до привлекување на крилото на Рома Џенгиз Ундер, пренесува „Скај Спорт Италија“.

Зделката ќе биде во форма на изнајмување со задолжителна опција за купување на играчот.

Николо Шира ги открива финансиските параметри. Надоместокот за трансфер ќе биде 25 милиони евра, а турскиот репрезентативец ќе потпише 5-годишен договор со плата од 3,5 милиони евра по сезона.

Ундер беше поврзуван со голем број тимови – Наполи, Каљари, Њукасл и Херта (Берлин), но се чини дека „лисиците“ ќе бидат оние кои ќе го привлечат. Тој пристигна во Рома во 2017 година од Истанбул Башакшехир за околу 14 милиони евра и запиша 88 натпревари со 17 погодоци за „волците“.

loading...

Дваесет и три-годишниот фудбалер има и 21 натпревар за својата татковина, на кои постигна 6 погодоци.

Лестер се сврте кон него откако не успеа да го ангажира Франсиско Тринкао од Барселона.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com