Тајмаут
Уникатен систем за ладење ќе се бори со жештините на стадионите во Катар
Домаќинот на Мундијалот, Катар, кој започнува за неколку дена е пред огромен предизвик. Надлежните бараат секој можен начин нивните стадиони да бидат ладни со оглед на жештините во земјата.
Машинскиот инженер Сауд Гани разви систем за климатизација со соларна енергија наречен „Д-р Кул“. Одржува „балон“ од студен воздух внатре во стадионот.
„Фудбалот е убава игра и треба да биде за секого. Треба да се игра 24/7 без оглед на временските услови“, вели Гани.
Тој ја тестираше технологијата користејќи 3Д печатени модели и ветерни тунели на Универзитетот во Катар.
Оладениот воздух влегува низ илјадници скари под седиштата на трибините и преку млазниците во близина на теренот. Со помош на техника на рециркулација, воздухот се повлекува назад, повторно се лади, се филтрира и се истиснува.
Системот за ладење се напојува од соларна централа. Се отвори во октомври и се очекува да генерира речиси 2.000.000 MWh во првата година. Ова е еквивалентно на потрошувачката на енергија на приближно 55.000 катарски домаќинства.