Connect with us

Тајмаут

Урнебесно, ангажирал порно актерка да ги покажува градите на противничките играчи, со цел да победат (ФОТО)

Рагбистот на Њујорк Џајантс платил на актерка од филмови за возрасни на моменти да им ги покажува градите на противничките играчи, а на крајот ниту тоа не било доволно неговиот тим да победи.

Она што ја прави целата приказна уште помистериозна е фактот што дотичниот играч изразил желба да остане анонимен, за да избегне драконски казни и евентуално медиумско лудило. Такво нешто не можеа да очекуваат ниту најжестоките навивачи на Њујорк Џајантс.

Моментално нивниот тим е последен на НФЦ конференцијата со само две победи од 13 натпревари, а скандал од ваков тип дефинитивно дојде во погрешен момент за тимот. Пред мечот со Луизијана сакаа по секоја цена да дојдат до победа, а еден од играчите навистина сакаше да ги преземе работите во свои раце.

Тој стапил во контакт со актерката, која се занимава со снимање филмови од овој жанр, преку платформа која служи за пласирање содржини за возрасни, и платил билети за натпреварот со барање таа повремено да им ги покажува голите гради на играчите на Луизијана Сентс за да им го одвлече вниманието. 

На прашањето кој број на дресот носи за и тој да „добие можност за убава глетка“, анонимниот играч рекол дека не смее да каже, за да не сноси последици, почнувајќи од помали казни па завршувајќи со потенцијален отказ. И навистина, девојката се покажа како човек од збор и го исполнила барањето кое и беше дадено и платено, оставајќи ги гледачите без здив. Сепак, се чини дека само гледачите беа маѓепсани од глетката, бидејќи гигантите сепак загубија со 14-11, израмнувајќи го осмиот пораз.