Connect with us

Фудбал

Урнебесно: Манчини го оставил Кјелини на клупата затоа што ги заборавил очилата за вид

Италија синоќа одигра 1:1 против БиХ во Лигата на нации. По мечот, селекторот на „аѕурите“ Робето Манчини призна дека направил невиден гаф. Имено, поради тоа што не ги носел очилата за вид, Џорџо Кјелини останал на клупата за резервни фудбалери.

Како што вели Манчини, кога му го покажале составот пред мечот, го одобрил бидејќи мислел дека е напишан оној за кој се договориле претходно, но сепак не видел дека го нема Кјелини.

-Ми го покажаа составот, немав очила и само реков дека е добро. Не забележав дека Ачерби е пишан на место Кјелини, изјави Манчини.

Сепак, Манчини порача дека Кјелини ќе биде во почетниот состав на мечот со Холандија.

loading...

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com