Connect with us

Фудбал

Уругвајски Национал казнет поради морбидни гестикулации на неговите навивачи

Уругавјскиот фудбалски клуб Национал е казнет со 80.000 долари и три натпревари без публика поради морбидни гестикулации на неговите навивачи алудирајќи на авионската несреќа на Чапекоенсе во која загинаа 19 играчи и помошен персонал.

Дел од уругвајските навивачи за време на натпреварот во Копа Либертадорес во јануари, имитирале звуци на авион ширејќи ги рацете гестикулирајќи летало. Ова било наменето за противничката екипа и потсетување на падот на авионот во 2016 година.

ФК Национал инцидент го окарактеризира како ужасен со предизвикување на, како што велат, длабоко чувство на срам.

Раководното тело на јужноамериканскиот фудбал, го забрани присуството на навивачите на Национал за следните три средби.