Connect with us

Фудбал

Усаин Болт во петок ја започнува фудбалската кариера

Најбрзиот човек на светот, Усаин Болт во петок конечно ќе го оствари својот сон.

Болт е голем љубител на фудбалот и долго време чекал некој професионален клуб да му даде шанса за игра.

Болт тренираше со многу познати тимови. Сепак, затоа што не бил доволно добар за европските лиги, се одлучил за заминување во Австралиј, каде се приклучил на екипата Централ Кост Маринерс.

И конечно, во овој тим добил шанса за игра. Во петок ќе игра на пријателскиот натпревар за австралискиот клуб, а тоа го потврди на прес конференцијата:

„Кога бев на стазата и на теренот, луѓето многу нешта зборуваа за мене. Успеав да му докажам дека грешат и сега имам уште една шанса да му докажам дека грешат во врска со мене. Ова повеќе не се хуманитарни натпревари, ова е кариерата која ја „бркам“. Знам дека ќе има грешки, знам дека нема да одиграм перфектен натпревар, но одам напред и сакам гордо да се чувствувам по натпреварот“, кажа Болт.

Тренерот на Маринерс Мајк Мулвери истакна дека ќе биде потребно време за Болт да се привикне, но и дека треба да одигра неколку минути.

„Има одредена вештина во играта. Верувам дека ќе добие минутажа“, пратко истакна тренерот на австралискиот тим.