Connect with us

Ракомет

Уште двајца членови на Рајн-Некар Левен, заразени со коронавирус

Откако пред неколку дена беше соопштено дека коронавирусот ги зарази ракометарите на Рајн-Некар Левен, Јаник Колбахер и Менсах Ларсен, уште двајца ракометари тестираа позитивно на овој тест.

Сега станува збор за играчот, Гедеон Гвардиола и тренерот на овој тим, Мартин Шваб.

„Јас сум изолиран во еден дел од мојата куќа. Ако ја напуштам просторијата, ја напуштам е со ракавици и маска”, рече Гвардиола.

Вкупно шест членови на овој клуб, наводно, биле позитивни за коронавирусот досега, а останува да се види како ќе се развива ситуацијата во овој клуб.