Други спортови
Уште еден играч на Реал Мадрид не тренира во Катар
Фудбалерите на Реал Мадрид немаат среќа пред натпреварите на Светското првенство во Катар. Карим Бензема е повреден и нема да игра на Светското првенство за Франција. Неговиот соиграч од „Петлите“ Едуардо Камавинга исто така се мачи и е сомнеж за првиот натпревар против Австралија.
Меѓутоа, проблемите не се само во Франција. Такви се појавија и во селекцијата на Шпанија, во која веќе има само двајца претставници на „лос бланкос“.
Даниел Карвахал не тренираше со соиграчите два дена пред натпреварот против Костарика бидејќи е настинат. Натпреварот е на 23 ноември во 19:00 часот.