Фудбал
Уште еден неуспех на Мендеш во преговорите: Никој не го сака Кристијано!
Продолжува сагата за можното заминување на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед.
Искусниот Португалец се уште не се приклучил на подготовките на „црвените ѓаволи“, а бројни медиуми пренесуваат дека неговиот агент Мендеш ги понудил неговите услуги на бројни клубови.
Меѓу нив беа Челзи, ПСЖ и Баерн. Преговорите беа завршени, но никој од нив не сакаше да го ангажира Роналдо поради огромната плата што ја има, како и поради атмосферата внатре во тимот бидејќи сметаат дека тоа ќе ги наруши односите во тимот.
Претходните денови се појави веста дека Кристијано е подготвен да потпише за Атлетико Мадрид и дека неговиот агент е во преговори. Приказната ја донесе „АС Мадрид“, а многумина потоа коментираа дека Роналдо паднал премногу ниско во желбата да потпише за големиот ривал на Реал.
Дека имало преговори потврдува и „El Partidazo de Cope“. Средбата заврши со лоши вести за Роналдо.
„ Мендеш се сретна со извршниот директор на Атлетико, Жил Марин. Тој му кажа дека Роналдо сака да игра во Лигата на шампионите и дека е подготвен да игра за “скромна цифра”. Марин му се заблагодари на Мендеш и ја одби понудата, тврдејќи дека неговиот потпис е премногу посветеност за клубот“, тврди Ел Пертидазо де Копе.
Атлетико се обидува да се ослободи од неколку играчи за да ги намали трошоците за плати. Доаѓањето на Роналдо би барало многубројни заминувања, но и тогаш не би било сигурно неговото потенцијално доаѓање.
Клубот од Мадрид очигледно не сака премногу да се труди поради Роналдо и напротив реши да ја одбие понудата на Мендеш и да ангажира еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Иако Кристијано се уште не пристигнал во Манчестер, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, изјавува дека смета на него во наредната сезона и дека нема да има ништо од заминувањето од клубот.
Роналдо беше најдобар играч на Јунајтед минатата година. Тој одигра 37 натпревари и постигна 24 гола.