Connect with us

Ракомет

Уште еден ракометар му кажа благодарам на Вардар

Домен Сикошек Пелко од следната сезона нема да го носи дресот на Вардар. Тој на социјалните мрежи се заблагодари на „црвено-црните“ и соопшти дека ќе има нов предизвик.

-Скопје, ти благодарам за се. Беше чест да се игра за голем клуб. Се надевам дека ќе се вратам еден ден. Имам многу спомени. Најдобрите навивачи во Европа, порача ракометарот.

Неговата следна дестинација ќе биде Ла Риоха. Претходно, европскиот првак го напуштија Гедбан, Кугис, Горбок, Скубе и Шишкарев.