Фудбал
Уште еден рекорд на Кристијано Роналдо
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо постигна еден од двата гола на неговиот тим во победата од 2:0 на гостувањето кај Болоња.
Тоа за него беше 43-ти гол во италијанскиот шампионат со што го стигна Руи Коста и стана Португалец кој има најмногу голови во Серие А.
Роналдо во првата сезона постигна 21 гол во Серие А, а синоќа му беше 22-от во оваа сезона и се наоѓа на второто место веднаш зад Чиро Имобиле.
Инаку, Роналдо исто така е рекорден Португалец по бројот на постигнати голови во Премиер лигата и шпанската Ла Лига. Во англискиот шампионат постигнал 84 голови, во шпанскиот 311. Во Шпанија само Меси има повеќе од него.