Фудбал
Уште еден удар за Јунајтед, ѕвездата на тимот го пропушта натпреварот против Ливерпул
Манчестер Јунајтед добива уште еден удар. Покрај многуте негативни резултати, „црвените ѓаволи“ добиваат лоши вести како дел од нивниот предизвик со Ливерпул следната недела.
Пол Погба, требаше да се врати на натпреварот против „Редсите“, но по се изгледа дека ќе го пропушти поради повреда. Според последните извештаи, Французинот не само што нема да биде подготвен за следната недела, туку, наводно, нема да може да истрча на теренот до крајот на месецот.