Connect with us

Фудбал

Уште една аргентинска легенда оди во пензија, Тавез најави пензија

Карлоз Тевез објави дека ќе го напушти фудбалот по крајот на Копа Либертадорес. Од пред две години 36-годишникот се врати во Буенос Аирес и ја започна третата етапа во редовите на Бока Јуниорс.

Тевез кој е поранешен фудбалер на Манчестер сити и Манчестер јунајтед, а сега член на култната Бока јуниорс најави заминување во пензија после завршување на Копа Либертадорес, чија сезона се рестартира пред скоро два месеци. Бока го чека осминафинале со бразилски Интернасионал, а финалето е закажано за на крајот на јануари, па сега од колку долго Бока ќе остане на јужноамериканската сцена ќе зависи и колку Тевез уште долго ќе игра.

Во текот на богатата кариера Тевез беше дел од Јувентус, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, а во дресот на аргентинската репрезентација запиша 76 настапи и постигна 13 гола.