Други спортови
Уште едно тениско чудо: 19-годишник го исфрли Циципас!
Данецот Холгер Руне (40. на АТП листата) го изненади четвртопласираниот тенисер Стефанос Циципас во мечот од осминафиналето на Ролан Гарос.
19-годишниот дански тенисер исто како и Карлос Алкарез е голема надеж и иднина на белиот спорт. Руне игра фантастично, а сега по четири сета го „среди“ фаворизираниот Циципас. Беше 7:5, 3:6, 6:3, 6:2.
Ова е моментално најголемата сензација во машка конкуренција на Ролан Гарос оваа сезона, а Холгер во четвртфиналето ќе се соочи со Каспер Руд, кој денеска го совлада Хуберт Хуркач.
Денеска ќе се играат натпревари меѓу Андреј Рубљев и ЈаниДко Синер и Марин Чилиќ и Даниил Мдеведев.
Сепак, најголемата возбуда беше најавена за вторник. Од 12 часот ќе биде интересен дуел меѓу Руне и Руд, а потоа ќе има и пресметка меѓу Алкараз и Зверев, па вечерта да биде резервирана за класикот – Новак Ѓоковиќ против Рафаел Надал.