Connect with us

Други спортови

Успешна проба на македонските одбојкари пред почетокот на квалификациите за ЕП

Македонската одбојкарска репрезентација ја победи Албанија со 3-2 синоќа во Скопје во пријателски натпревар пред стартот на квалификациите за Европското првенство.

Македонија за пласман на ЕП ќе се бори во Ф-групата заедно со селекциите на Украина, Швајцарија и Унгарија.

Првата средба македонските одбојкари ќе ја одиграат на 15 август со Унгарија во Будимпешта, три дена подоцна во Скопје доаѓа Украина, на 22 август исто така во Кале против Швајцарија, на 26 август реваншот со Швајцарците на гостински терен.

Последните два натпревара од квалификациите за ЕП 2019 се играат следната година. На 5 јануари „црвено-жолтите“ ќе гостуваат во Украина, а на 9 јануари 2019 се домаќини на Унгарците.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com