Други спортови
Утре е посебен ден во Формула 1, почнува нова ера на Шумахер
Во недела, на 28-ми март, стартува новата сезона во „најбрзиот циркус“, Формула 1. Утре ќе биде посебен ден. Почнува новата ера во семејството на Шумахер. На патеката во Бахреин во Формула 1 ќе дебитира Мик Шумахер, син на легендарниот Михаел Шумахер, можеби најголемиот возач во Ф1 на сите времиња.

Тој ќе стартува од 19-тата позиција утре, а вози за тимот на Хас. Секако, првите чекори ги почнал во академијата на Ферари, па потоа во картинг, па ниските конкуренции на формула, а утре ќе ја продолжи лозата Шумахер и во „најбрзиот циркус“.

Ова ќе биде сигурно емотивен момент, особено ако се знае дека неговиот татко, Михаел Шумахер, најголемиот Ф1 возач се уште се опоравува од тешката повреда која ја имаше пред неколку години заработена на скијање на алпите.
Синот на Михаел Шумахер во Формула 1 требаше дебитира минатата година во октомври во Нурбургринг, кога беше предвидено да го вози првиот тренинг за Алфа Ромео, но тоа не се случи, откако тренингот беше откажан поради лоши временски услови. Сепак, во декември минатата година Мик Шумахер возеше на тренинг, а ова ќе биде негова прва официјална трка.