Connect with us

Фудбал

Утре Реал Мадрид и Марсело и официјално ќе се разделат

Бразилецот Марсело утре и официјално ќе го напушти Реал Мадрид.

Од кралскиот клуб тоа го потврдија и изјавија дека Марсело ќе им се обрати на медиумите во прес-салата на клубот.

На прошталната церемонија ќе присуствува и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Тој по 15 години го напушти реал како најтрофеен играч во историјата на тој клуб.

Откако стигна до финалето на Лигата на шампионите, Марсело освои неверојатни 25 трофеи во дресот на Лос Бланкос.

Сепак, без разлика на неговото беспрекорно CV, се чини дека Бразилецот веќе воопшто не е ценет во светот на фудбалот, а тоа го покажуваат последните вести поврзани со неговиот трансфер.

Имено, Марсело беше понуден на Марсеј и Фенербахче, но двата клуба решија да му се заблагодарат на 34-годишниот лев бек.

Можеби влезе во есента на кариерата, но впечатокот е дека Марсело се уште не е за старо железо и дека сигурно уште може да игра во клубови од рангот на Марсеј и Фенербаче.

Инаку, на еден од последните натпревари на Реал, бразилскиот ас изрази и незадоволство од начинот на кој го третираат во Реал.

Камерите го снимија Марсел како разговара со Лукас Васкез на клупата, а како што пренесуваат шпанските медиуми тој јасно кажал дека му е жал што нема да остане.

Марсело сигурно верува дека сепак заслужил да добие нов договор и дека сите овие 15 години бил вистински пример за тоа како се однесува професионалец. Сепак, тоа очигледно не беше доволно за челниците на клубот да му понудат нов договор.

„Клубот нема да ми даде нов договор. Бев пример за сите“, се зборовите што Марсело му ги кажал на својот сега веќе поранешен соиграч.