Connect with us

Фудбал

Ужасни сцени, телохранителите го спасуваа Мухамед Салах (ВИДЕО)

Првиот натпревар меѓу двете најдобри африкански селекции од последниот АФЦ заврши со минимална победа на Египет, а идентичен резултат од 1:0 имаше и на реваншот за Сенегал, а  патникот на Светското првенство  го решија пеналите. Еден од пеналите за Египет промаши нивниот најдобар играч Мохамед Салах, но рака на срце многу му попречија навивачите кои му ги „покрија“ очите со ласери. И како сето тоа да не им беше доволно, по натпреварот за малку ќе настрадаше.

Многу фанови на Сенегал се собраа на теренот за да го прослават својот втор последователен пласман на Светското првенство. Сепак, многумина упаднаа на теренот со намера да ја стигнат египетската ѕвезда – Салах.

Се појави видео во кое телохранителите на Салах мораа да оттурнат повеќе сенегалски навивачи, кои се обидуваат да дојдат до него.

Потоа, додека минуваше низ тунелот, многу навивачи од трибините фрлаа кон него разни предмети.