Connect with us

Фудбал

Ужасни вести од Бергамо: Фудбалер на Аталанта се бори за живот, некои веќе се збогуваа со него

Млад фудбалер на Аталанта, Андреа Риналди, се бори за својот живот откако претрпе аневризма на мозокот. Риналди, кој следниот месец треба да наполни 20 години, се пожалил дека не се чувствува добро, а по првите детални прегледи станало јасно дека ситуацијата е крајно сериозна, па тој експресно бил префрлен во одделот за интензивна нега во болницата во Варезе.

Неговите пријатели и соиграчи му испраќаат поддршка на социјалните мрежи, некои буквално се збогуваат со талентираниот фудбалер кој порасна во Аталанта, а еден од нив го остави Салваторе Елиа:

Сето ова е надреално. Невозможно е дури и да се замисли дека сето ова е вистина. Понекогаш судбината прави лоши шеги. Задоволство ми беше да те запознаам и да бидам дел од твојот живот. Те сакам пријателе, напиша Елија.

Според првичните информации, состојбата на Риналди се опишува како крајно сериозна, а лекарите водат тешка борба за да го спасат неговиот живот.

Младиот фудбалер сезонава ја мина на позајмица во четвртолигашот Лењано и беше меѓу најзаслужните што оваа екипа беше пред промоција во третата италијанска лига.