Connect with us

Фудбал

„Уживав во поразот на Ливерпул и никогаш нема да се вратам на Емирати поради ветувањето“

Легендарниот француски стручњак Арсен Венгер (70) имаше интересен настап во програмата на „beIN Sport“.

Познатиот „Професор“ посочи дека уживал во поразот на Ливерпул од Ватфорд, бидејќи тоа значеше дека неговиот непобедлив Арсенал во 2004 година ќе остане посебен.

„Да, уживав во поразот на Ливерпул“, искрен е Венгер.

„Отсекогаш сме сакале да бидеме уникатни во нешто. Ливерпул имаше шанса да го стори истото, но тоа е доказ дека е тешко да се повтори тоа што го сторивме. Добив многу пораки од навивачите на Арсенал тој ден“, изјави Венгер.

Иако го водеше клубот 22 години и беше дел од големи успеси, 70-годишниот стручњак веќе нема да стапне на Емирати.

„Дали би се вратил барем како гледач? Јас секогаш велев дека кога ќе го напуштам Арсенал, ќе заминам засекогаш. Тоа е моја одлука“.

22 години, Венгер ги водеше „Топџиите“ во дури 1.235 натпревари. Тој победи на 707 од нив, и освои три шампионски титули, седум ФА Купови и седум трофеи на „Community Shield“.