Други спортови
Вилдер во пресрет на спектаклот: Имам двегодишна ќерка која удира посилно од Тајсон
Во недела наутро по средноевропско време Дентај Вилдер ќе ја брани титулата во тешка категорија во ВБЦ верзијата против Тајсон Фјури. Американскиот боксер е непоразен во досегашните 43 мечеви, а убеден е во нова победа.
-Рацете на Фјури се како перница. Сите знаеме дека тој не знае да удира. Мојата двегодишна ќерка удира посилно од него. Секој боксер има своја стратегија, а неговата очиглено се празните закани, вели Вилдер.