Connect with us

Други спортови

Вајлдер и Фјури приредија меч за паметање кој заврши нерешено (ВИДЕО)

Американскиот боксер Деонтај Вајлдер ја одбрани ВБЦ шампионската титула во тешка категорија, откако мечот со Британецот Тајсон Фјури во Лос Анџелес заврши без победник (113:113)

Ова беше неверојатна борба за гледање во кој се реализираа 12 жестоки рунди. Фјури беше тој кој на почетокот го контролираше темпото, го погоди неколку пати Вајлдер и ја доби првата рунда. Но, Вајлдер трпеливо ја чекаше секоја шанса за да може да одговори соодветно. Иако, Фјури апсолутно доминираше со тактичка подготвеност, добивајќи ја речиси секоја рунда па на половина од борбата без дилема имаше голема предност на судиските картички. Додека Американецот беше неочекувано трпелив до крајот на борбата.

Вајлдер влезе во рингот со скор 40-0, од кои 39 победи се нокаут, додека Фјури има 27-0, од кои 19 се нокаути. Вајлдер истовремено беше бранител на ВБЦ-појасот, но немаше изразита доминација, а во борбата имаше блесок со два удари, во деветтата и дванаесеттата рунда. Фјури, пак, имаше кам-бек за почит, двапати стануваше од подот, но не успеа осум добри рунди зад своето име да ги круниса со триумф.