Други спортови
Вајлдер навистина нема срце: Ова што го направи на неговиот тренер јасно го покажува тоа
Американецот беше лошо претепан и во седмата рунда тренерот Марк Бреланд реши да ја фрли крпата за да спречи сериозни повреди на неговиот боксер.
Сепак, Вајлдер беше вознемирен од она што го направи Бреланд и по мечот покажа дека нема срце и го посрамоти човекот кој го спаси од сериозни повреди.
Тој му забрани на Бреланд да влезе во соблекувалната по мечот, а овај тренер заврши во солзи пред вратата. На сето ова беше сведок британскиот промотор Спенсер Ферон.

„Марк Бреланд ја направи вистинската работа. Тој е прекрасно човечко суштество, но го видов како плаче пред соблекувалната. Дали знаете зошто? Тој плачеше затоа што тој човек (Вајлдер) му забрани да влезе. Вашиот борец ви кажува дека не можете да влезете внатре, тоа навистина е тешко да се поднесе. Деонтај Вајлдер треба да му се извини, бидејќи нивната врска би можела да се влоши“, рече Ферон.
Вајлдер исто така го најави отказот и во наредниот период најверојатно ќе се разделат.