Други спортови
Вајлдер заврши во болница по натпреварот
Тајсон Фјури ја освои титулата Светски шампион во тешка категорија, откако во седмата рунда во Лас Вегас го победи бранителот на титулата Деонтај Вајлдер.
Судијата го прекина натпреварот откако беше фрлена крпата од аголот на Американецот, што е прв ваков прекин на борба во тешка категорија меѓу двајца претходно непоразени боксери во историјата.
Фјури доминираше во целата борба, а пред паузата, тој двапати го совлада Вајлдер, кој ги преживеа одбројувањата. Но, Американецот немаше одговор на неочекуваниот агресивен настап на Фјури, а по борбата му честиташе на новиот шампион.
Вајлдер не се појави на редовната прес-конференција по тепачката, а луѓето на неговиот тим кратко најавија дека нивниот борец веднаш бил пренесен во болница поради повреда на уво. Вајлдер имал крварење на увото од шестата рунда, па затоа бил однесен на преглед каде беше санирана повредата, а неговиот тренер рече дека не станува збор за сериозна повреда.