Connect with us

Други спортови

Вакцината повторно проблем, спуштена рампата за Ѓоковиќ во САД, пред Мастерсот во Индијан Велс и Мајами

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да може да игра на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами, бидејќи американската влада до 10 април ги продолжи условите за влез во земјата, според кои патниците мора да приложат доказ за најмалку две вакцини против коронавирусот, пренесуваат американските медиуми.

Во образложението на американската влада се наведува дека невакцинираните лица можат да влезат во земјава само доколку ги исполнуваат критериумите за изземање.

Очигледно најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ поради вакви услови нема да може да игра на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.

Сепак, се уште постои можност одлуката да се смени бидејќи многу земји веќе се откажаа од сличните критериуми за влез.

Од истата причина Ѓоковиќ лани не можеше да учествува на турнирите кои се играа во САД и Канада, па покрај Индијан Велс и Мајами ги пропушти и Синсинати и УС Опен.